Стефан Костов се враќа на терените по долгата пауза

После шест месеци пауза, Тиквеш во пролетниот дел од сезоната ќе може да смета на Стефан Костов. Стоперот се повреди на летните подготовки на екипата во Охрид, и од тогаш правеше операција и следуваше рехабилитација.

Костов се наоѓа со Тиквеш на подготовките во Анталија, успешно се рехабилитира и во пролетниот дел ќе биде достапен на стручниот штаб предводен од неговиот татко Влатко.

Стефан Костов во минатото беше дел и од Академија Пандев, Ренова и Брегалница.

Се вчитува...