Стефан Крстајиќ е ново име во Академија ФМП

Кошаркарскиот прволигаш Академија ФМП во следната сезона ќе биде посилен за Стефан Крстајиќ играчот кој во минатото првенство беше прогласен за МВП во црногорскиот шампионат. Тој во минатата сезона настапуваше за Приморје каде имаше просек од 22 поени, 5.6 скока и пет асистенции.

25 – годишниот кошаркар кој игра на позициите 1 и 2, во својата кариера има настапувано за екипите на Златибор од Србија и Приморје од Црна Гора. За доаѓањето во Македонија вели дека во ФМП препознал амбициозен и добро организран тим.

После Србија и Црна Гора, ја продолжувам мојата кариера во Македонија и ми претставува големо задоволство што ќе го носам дресот на Академија ФМП. Успеавме за кратко време да се договориме, бидејќи препознав дека се работи за сериозен клуб, амбициозен и добро организиран.Имаме добри услови за тренинг и мислам дека соработката со тренерот Петровиќ ќе ми помогне доста во понатамошната кариера. Се надевам дека ќе составиме добра екипа и ќе имаме успешна сезона со многу победи“ – вели Крстајиќ.

Се вчитува...