Стефан Михајловски загуби во финалето – на крајот со сребро од Светското првенство!

Стефан Михајловски не успеа да дојде до светската шампионска титула откако загуби во финалето на Светското првенство во кикбокс кое изминативе денови се одржуваше во Абу Даби, ОАЕ.

Михајловски во дисциплината Кик Лајт во категоријата до 94 килограми, во финалната борба загуби од Рафал Гасчак од Полска, па на крај мораше да се задоволи со сребрениот медал на шампионатот.

Претходно, како што е познато, бронзени медали на првенството освоија и Силвио Мировски, како и Бобан Илиоски.

Се вчитува...