Стефан Петерхансел до нов триумф на Дакар, Бенавидес најдобар кај мотоциклистите

Стефан Петерхансел стигна до својот 14. триумф на најпознатата рели трка во светот Дакар. „Мистер Дакар“ на последната етапа на годинашното издание која се возеше од Јанбу до Џеда ја заврши на третото место што беше доволно за нов осми триумф во конкуренција на автомобилисти.

Денешната етапа која беше во должина од 447 километри, од кои 220 специјал ја освои Карлос Сајнц, пред Насер Ал Атијах кој на крајот мора да се задоволи со второто место во генералниот пласман.

Во конкуренција на мотоциклисти најдобар е Кевин Бенавидес на Хонда кој на последната етапа беше втор зад Рики Брабек кој на крајот го освои второто место во генералниот пласман.

Се вчитува...