Стефан Петриќ го оперираше коленото

Ракометарите на ГРК Охрид ги чека борба за второто место во Суперлигата, како и финалето во ЕХФ купот против унгарска Татабања, каде македонскиот тим за првпат ќе има шанса да стигне до меѓународен трофеј.

За жал во најважниот период во сезоната охриѓани нема да можат да сметаат на својот бек Стефан Петриќ. Петриќ беше подложен на операција на десното колено која помина во најдобар ред, а сега го чека рехабилитација.

Поради тоа ГРК Охрид до крајот на сезоната нема да може да смета на одличниот шутер.

 

Се вчитува...