Добра вест пристигнува од Лисабон – Стефан Ристовски го победи коронавирусот и се врати на тренинзите на вториот тим на Спортинг.
Македонскиот репрезентативец ги одигра ноемвриските средби на нашиот национален тим, даде значаен придонес за историскиот успех и пласманот на ЕВРО 2021, но веднаш по враќањето во Лисабон беше позитивен на тестирањето во својот клуб. Ристовски веќе се вратил на тренинзите, но останува во немилост на тренерот на Спортинг, поради што веќе неколку месеци тренира со втората екипа на овој клуб.
Се поизвесно е дека македонскиот репрезентативец во јануарскиот преоден рок ќе ги промени клупските бои, а најзаинтресирани за неговите услуги се клубови од Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА