Стефан Ристовски го слави првиот трофеј со Спортинг Лисабон (ФОТО + ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски по само шест месеци откако се пресели во Португалија го слави и првиот трофеј со Спортинг Лисабон.

Спортинг синоќа триумфираше во Лига Купот на Португалија, откако дури по изведувањето на пеналите беше подобар во финалето од Сетубал. Во регуларниот дел мечот заврши 1-1.

Ристовски не доби шанса да настапи на финалниот меч, останувајќи само на клупата за резервни фудбалери., сепак и тоа како значаен придонесе имаше на претходните натпревари токму во ова натпреварување.

Спортинг Лисабон, со Порто и со Бенфика, ја продолжува битката и за шампионската титула во Португалија.

Се вчитува...