ЕКИПА во Палермо, Италија
Владимир Булатовиќ
Капитенот на македонската селекција Стефан Ристовски на прес-конференцијата пред утрешниот дуел со Италија нагласи дека е посебно горд што е дел од оваа селекција која пишува нова историја за Македонија.
„Горд сум што сум дел од оваа генерација. Горд сум што сум на оваа прес-конференција затоа што Македонија сега пишува историја со првиот бараж за СП. За мене е чест што сум предводник на овој тим кој може да биде уште еднаш запишана со златни букви“ – истакна Ристовски, притоа дополнувајќи дека ќе се потрудат да го направат среќен и роденденот на селекторот Милевски на 25. март.
„Ќе се потрудиме да го направиме среќен роденденот на селекторот Милевски ден после овој историски меч. Навистина атмосферата во тимот е извонредна, мотивот е секако на највисоко ниво и ќе направиме се што е во наша моќ да ја израдуваме Македонија иако знаеме дека пред нас е дуел со актуелниот европски шампион“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА