Стефан Ристовски: Ништо не е загубено, одиме до крај

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)

Фудбалерот на Динамо Загреб, Стефан Ристовски и покрај поразот на Македонија од Австрија (1-3) на стартот од Европското првенство 2020 вели дека ништо не е загубено и мора да се соберат сили за да се продолжи понатаму со борбата до крај.

„Благодариме за поддршката која многу значи. Разочарувачки е поразот, посебно за сите оние кои од трибините ни дадоа силна поддршка, но ништо не е загубено. Одиме до крај и на следните два натпревари“ – порача Ристовски.

Се вчитува...