Стефан Ристовски со Спортинг поразен во финалето на Купот на Португалија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски беше стартер во составот на Спортинг Лисабон во финалето на Купот на Португалија, но неговиот тим доживеа пораз (2-1) од аутсајдерот Авеш. Ова дополнително ќе ги закомпликува работите кај „зелено-белите“, кои имаат големи проблеми со своите фанови откако не успеаја да се пласираат во Лигата на шампионите следната сезона. Сега дојде и уште еден тежок пораз, а сезоната завршува без освоен трофеј.

Стрелец на двата гола за Авеш на финалниот меч беше Александре Гуедеш, а Фреди Монтеро погоди за Спортинг Лисабон во 86.минута од средбата.

Се вчитува...