Стефан Ристовски: Уште сум во шок, не сум свесен што направивме

ЕКИПА во Палермо
Владимир Булатовиќ

Капитенот Стефан Ристовски, после мечот видно возбуден, коментираше дека и натаму ниту тој, ниту останатите не се свесни што направивме и каков е овој успех на националниот тим, победата над Италија на нејзин терен и стигнување на последното скалило до пласман на Мундијалот.

„Да бидам искрен се уште сум во шок. Уште не сум свесен што направивме. Го победивме европскиот шампион среде Италија, и тоа не е мала работа. Навистина сум пресреќен, но пред нас е уште еден голем продизвик со Португалија за кој исто така мора максимално да се подготвиме“, рече Ристовски.

Мечот со Португалија ќе се игра во Порто на 29. март, и ќе биде уште еден историски натпревар за Македонија, која може да првпат во историјата да дојде до палсман на Светско првенство.

Се вчитува...