Стефан Ристовски: Зошто е ова бизарен меч? Па, ние одиме понатаму….

Динамо Загреб со две победи го елиминираше бугарскиот Лудогорец и обезбеди плеј-оф рунда за место во групната фаза од Лигата на шампионите. „Модрите“ и синоќа во Загреб славеа со 4-2, но зачудувачки од трибините беа испратени со свирежи во текот на целото второ полувреме.

Вчудоневидени од односот на навивачите беа и сите фудбалери на Динамо Загреб, меѓу кои и капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски кој по мечот не можеше да го сокрие разочарувањето од односот од дел од трибините во второто полувреме. Иако, Ристовски заради одмор пред дербито со Хајдук, беше заменет на полувремето, па не беше дел од разочарувачкото второ полувреме на хрватскиот шампион.

„Зошто е ова бизарен натпревар? Фудбалот е таков! Ние одиме понатаму, ни останува уште плеј-офот и се надеваме дека ќе обезбедиме место во групната фаза. Честитам на мојот тим, одиме понатаму. Тоа е фудбалот. Денеска победуваш, утре мора да се регенерираш и прдолжуваш напред. Норвежаните? Искрено ќе го анализираме следниот противник Бодо Глимт. Но, за тоа – потоа. Прво ни следи Хајдук, а од недела ќе мислиме на норвешкиот тим. Денеска излегов поради жолтиот картон“ – истакна Ристовски по победата на бугарскиот Лудогорец.

Се вчитува...