Стефан Спировски потпишува за украински Мариупол!

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски својата кариера ја продолжува во украинскиот суперлигаш Мариупол, дознава ЕКИПА.

По завршувањето на соработката со кипарска АЕК Ларнака, го дефинираше и шестиот клуб во својата интернационална кариера – ФЦ Мариупол, член на најсилната лига во Украина. Договорот меѓу двете страни е постигнат а се очекуваат само официјализирање на соработката. Мариупол по осум одиграни натпревари во Суперлигата на Украина оваа сезона има само четири бода. Спировски треба да помогне во битката за опстанок на клубот во елитното друштво.

Спировски, кој во македонскиот шампионат има настапи за Пелистер, Вардар и Работнички, претходно во интернационалната кариера беше дел од српскиот Борац Чачак, бугарски Берое, унгарски Ференцварош, израелски Хапоел Тел Авив и кипарски АЕК Ларнака од каде сега се сели во Украина.

За репрезентацијата на Македонија има 40 официјални настапи и еден постигнат погодок.

Се вчитува...