Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски во следните часови ќе го комплетира трансферот во ерменски Пјуник, и ќе му се приклучи на Марјан Радески кој е дел од оваа екипа.
Спировски остана без клуб откако му истече договорот со МТК, а сега продолжува во ерменскиот шампион, кој избори учество во групите во Лигата на Конференции.
Спировски во минатото беше дел од Мариупол, АЕК Ларнака, Хапоел Тел Авив, Ференцварош, Берое, Борац Чачак, а од македонските клубови играше во Пелистер, Работнички и Вардар. Во изминатиот циклус на Лига на Нации во јуни, го прослави 50-тиот настап во националниот тим на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА