Стефанов со порака до ракометарите: Момци повторно ја израдувавте цела Македонија!

Ракометната репрезентација на Македонија го задржува континуитетот и е една од ретките со редовен настап на сите европски и светски првенства од 2012 година откако „црвено-жолтите“ со импресивна победа над Литванија стигнаа до второто место во групата кое значи и билет за ЕП 2026. За пласман на ЕП ни беше довона победа од најмалку два гола, но ракометарите одиграа импресивно, пред се во второто полувреме во кое целосно го скршија отпорот на гостите и славеа со убедливи 26-17.

Честитки за големиот успех на ракометарите испрати и новиот претседател на РФМ, Александар Стефанов.

„Момци, честитки за пласманот на ЕП. Со среќа нека е, одигравме машки, борбено, храбро со срце, ја израдувавте цела нација. Одигравме според очекуваното, сега ни следи Европското првенство. Само да продолжиме вака, имаме добар дух и енергија, дишеме како еден и посакувам сите да се радуваме заедно на успеси секоја година“, изјави Стефанов.

Се вчитува...