Стефанов во Загреб на состанок за унапредување на регионалната соработка и системите на натпреварување во ракометот

На иницијатива на ЕХФ, предводена од Предраг Бошковиќ, и со домаќинство на ХРС, во Загреб се одржа работен состанок посветен на унапредување на регионалната соработка и системите на натпреварување.

На состанокот на коj беше присутен и претседатело на Ракометната федерациja на Македониja, Aлександар Стефанов, беа разгледани повеќе важни теми:

-формирање регионални машки и женски лиги за клубови
-можност за старт на женска регионална лига од септември 2026
– машка регионална лига од следната година или обновување на СЕХА лигата
– предлог до ЕХФ за нов систем на натпреварување во Лигата на шампиони
– иницијатива првите две кола од ЕХФ Купот да бидат регионални
– формирање регионална кадетска лига за репрезентации

Овие иницијативи имаат за цел поголем развој, конкурентност и напредок на ракометот во регионот, велат од Ракометната федерација на Македонија.

Се вчитува...