„Стејплс Центар“ на нозе за Двејн Вејд (ВИДЕО)

Ѕвездата на Мајами, ветеранот која ја игра последната НБА сезона, Двејн Вејд доби вистинско достоинствено испраќање на последниот настап во Стејплс Центар кај Лос Анџелес лејкерс. Вејд се сретна со пораншениот соиграч, сега лидер на Лејкерс, Леброн Џејмс.

Во Стејплс Центар беше емитувано видео-збогување, а публиката со стоечки овации му искажа почит на Вејд кој за последен пат беше на паркетот во легендарниот спортски храм (би можел да се врати, ако Мајами и Лејкерс се сретнат во финалето на плеј-офот, што е речиси невозможно).

 

 

Се вчитува...