Стенио Жуниор ја посети својата Шкендија

Eден од најдобрите странски фудбалери во историјата на Шкендија, Стенио Жуниор повторно се врати во Тетово.

35-годишниот напаѓач ја искористи паузата од своите настапи во тајландскиот фудбал за да го посети клубот каде што мина шест незаборавни години. За време на престојот, тој се сретна со раководството на тетовските „црвено-црни“, евоцирајќи спомени од периодот во кој освои четири трофеи и остави неизбришлив белег.

Од Шкендија порачаа дека Бразилецот засекогаш останува дел од нивното семејство, додека Жуниор на клубот му посака нови успеси и титули. Покрај за тетовскиот тим, тој во Македонија со голем успех настапуваше и за битолски Пелистер.

Се вчитува...