Битолски Пелистер денеска и официјално го претстави искусниот стратег Лино Червар како нов предводник на тимот, но главна тема на прес-конференцијата беше и кроењето на ростерот за следната сезона.
Првиот човек на клубот, Зоран Стерјев, истакна дека играчкиот кадар се уште не е комплетиран. Тој откри дека иднината на македонските репрезентативци Дејан Манасков и Филип Кузмановски во Битола е неизвесна. На двајцата ракометари веќе им се понудени нови договори, па раководството на клубот сега го чека нивниот конечен одговор за тоа дали ќе останат дел од Пелистер и во иднина.
„Ситуацијата со Манасков и Кузмановски е отворена и тоа е така поради нивна страна, клубот им понуди нови договори. На Кузмановски му е понуден двегодишен договор, а на Манасков едногодишен. Водиме преговори, клубот максимално ги почитува и двајцата и во рамките на своите можности правиме се за тие да бидат тука и наредната сезона. Сепак, на крајот заедно ќе треба да ја донесеме одлуката. Сметаме дека сите услови и можности кои им се понудени, се одлични и треба да бидат прифатени. Ние сме задоволни од тоа што тие го прикажаа на теренот, меѓутоа сепак и на нив и на сите други им беше кажано дека минатата сезона беше неуспешна затоа што целите не се остварија и во рамките на тоа мора да се очекува дека не можете да биде наградени“, изјави Стерјев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
