Стерлинг: Фудбалот е спорт во кој се внесуваат емоции, да не правиме скандал од „дуелот“ со Гомез

Пресметката меѓу Манчестер Сити и Ливерпул во Премиер – лигата се префрли и во англиската фудбалска репрезентација. Рахим Стерлинг и Џо Гомез имале жестока караница која прераснала дури и во физички дуел на првиот тренинг на селекцијата на гордиот Албион. Епилогот е Стерлинг под казна да не го игра претстојниот меч против Црна Гора, а Џо Гомез е прекорен за своето однесување.

Двајцата „непослушни“ сакаат да ја спуштат топката, а Рахим Стерлинг се огласи и на Инстаграм.

„Ние сме во спорт каде емоциите се силни и признавам дека тие ме водеа во одредени моменти. Но, тоа траеше 5-10 секунди. Сега е завршено, ние (со Гомез) продолжуваме понатаму и да не правиме скандал од тоа“, истакна Рахим Стерлинг.

Ливерпул го совлада Манчестер Сити со 3-1 на „Енфилд Роуд“, а Стерлинг и Гомез имаа пресметка и на теренот.

Се вчитува...