Стеван Јоветиќ потпиша за Олимпијакос

Црногорскиот репрезентативец Стеван Јоветиќ кариерата ќе ја продолжи во Грција, откако искусниот голгетер потпиша едногодишен договор со екипата на Олимпијакос.

„Црвено-белите“ бараа искусно име за нападот пред самиот крај на преодниот рок, наоѓајќи го токму во Јоветиќ, кој пристигнува како слободен играч, по истекот на договорот со Херта. Црногорецот имаше неколку интересни понуди, но на крајот се реши за преселба во Атина.

„Пресреќен сум што сум овде. Олимпијакос е голем клуб со богата историја и бројни успеси. Разговаравме две седмици, тие навистина дадоа се од себе за да ме донесат во клубот и логично беше да им излезам во пресрет. Горд сум што станува дел од овој грчки спортски гигант“, изјави Јоветиќ.

Се вчитува...