Стевковски: Голема победа за Македонија ЃП, пеналите се момент на интуиција

Голманот на Македонија ЃП Христијан Стевковски одново е херој на „лавовите“ кога станува збор за Куп натпреварите. Повторно пенали, и повторно „единицата“ на „лавовите“ во главна улога, со еден одбранет пенал, а потоа и со два промашени на Шкендија, за ново големо финале за него и за неговиот тим.

Стевковски вели дека победата во Тетово е голема, но дека работата не е завршена се додека тимот не дојде до големиот пехар.

„Натпреварот беше драматичен, но работата не е завршена. Следува големото финале. Но, да се победи Шкендија во Тетово во полуфинале на Куп, сепак, не е мала работа“, ни изјави Стевковски.

Во уште еден пенал рулет, Стевковски стана „експерт“ за пенали и одново како и претходно Македонија ЃП оди во следната фаза.

„Јас би рекол дека функционираме како екипа, и тоа не краси. Ние сме како едно и во добро и во лошо, и кога оди и кога не оди. За пеналите сметам дека зборот „експерти“ е преголем. Сметам дека тоа е момент на интуиција, можеби малку и на анализа, и на други работи. Се се случува премногу брзо, но може да се каже дека има вистина во тоа дека сме експерти што повеќето така кажуваат“, изјави Стевковски.

Се вчитува...