Стигна „данокот“ од победата над Севилја – Нови повреди во Барса за нови проблеми на Куман

Екипата на Барселона има многу проблеми со повредите оваа сезона. Од коло во коло се случува постојано некој играч да добие удар и да доживее повреда која го оддалечува од теренот неколку недели, а вакво репризно издание синоќа повторно му се случи на Куман. По натпреварот против Севилја во Копа дел Реј, двајца важни фудбалери се пожалија на повреди.

Станува збор за Усман Дембеле и Џерард Пике. Тие денеска ќе извршат дополнителни прегледи, по што ќе се утврди сериозноста на повредата што ја имаат. Сепак, од каталонскиот клуб се надеваат дека повредите нема да бидат опасни и дека и двајцата ќе бидат подготвени за следниот натпревар против Осасуна.

Инаку, Барселона синоќа успеа да се пласира во финалето на Купот на кралот, а се уште имаат шанса да се борат и за титулата во шампионатот.

Се вчитува...