Стигна и првата дијагноза по повредата на Дончиќ

Повредата што Лука Дончиќ ја заработи на почетокот од дуелот со Мајами за среќа не е премногу сериозна, информираат медиумите од САД, најавувајќи дека Словенецот наскоро би можел да се врати на терените.

Деталните прегледи на скочниот зглоб на десната нога покажале дека станува збор само за истегнување на лигаментите, без никакво кинење и посериозно оштетување. Тренерот Рик Карлајл по мечот најавил дека најдобриот кошаркар на Далас најверојатно ќе го пропушти претстојниот меч со Милвоки Бакс, притоа не наведувајќи кога Дончиќ би можел да се врати на терените.

Официјална информација се очекува по деталните прегледи што врз Словенецот ќе бидат извршени во Далас, но во таборот на овој клуб владее оптимизам дека Лука веќе до крајот на месецов ќе може да се врати на располагање на стручниот штаб.

Се вчитува...