Фудбалерот на Интер Мајами и аргентински репрезентативец, Лионел Меси, не е сериозно повреден. Клубот од Мајами објави дека има истегнување на мускулот на тетивата на левата нога. Додаде дека враќањето ќе зависи од брзината на неговото закрепнување.
Меси се повреди на вчерашниот натпревар од МЛС лигата помеѓу Интер и Филаделфија Унион (6:4).
Аргентинските медиуми предвидуваат пауза од околу 10 дена, но додаваат дека Меси ќе биде подготвен за Светското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико.
Списокот на аргентинската репрезентација сè уште не е објавен, но според правилата, тој ќе биде познат најдоцна до 1 јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
