Стигнаа првите вести за состојбата на Алекс Маркез

Пристигнаа првите вести за состојбата на шпанскиот ас Алекс Маркез кој денеска доживеа ужасен пад на патеката Каталуња, во Барселона.

Алекс Маркез бил свесен додека бил транспортиран со брза помош од пистата „Каталуња“ до блиската болница во Гранољерс. Се уште се чекаат повеќе детали за состојбата и потенцијалните повреди на шпанскиот мотоциклист, но има први позитивни знаци.

„Гресини ни потврдија дека Маркез бил префрлен со амбулантно возило во болница за дополнителни прегледи. Ова се смета за позитивен знак, бидејќи во посериозни случаи возачите обично се превезуваат со хеликоптер“, пренесуваат европските медиуми. 

Се вчитува...