Сите во Бразил се во исчекување од резултатите од тежината на повредата на репрезентативецот Нејмар. Многу работи во „кариоките“ зависат од неговото закрепнување.
На прес-конференцијата пред мечот со Египет, селекторот Карло Анчелоти истакна дека го очекува Нејмар на теренот уште оваа недела, но се чини дека нема да биде на располагање во првото коло против Мароко во сабота.
Нејмар се повреди на мечот помеѓу Сантос и Коритиба. Неговиот клуб тогаш објави дека станува збор за оток на листот, но по пристигнувањето во кампот на националниот тим, докторот утврди дека станува збор за посериосна повреда.
„Фудбалерот Нејмар беше на магнетна резонанца овој понеделник. Прегледот покажа добар напредок во неговото закрепнување, во согласност со очекуваните параметри. Тој ќе го продолжи процесот на рехабилитација и физичка подготовка според планот на медицинскиот тим на бразилската репрезентација“, објави Бразилската фудбалска асоцијација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
