Македонија ЃП е првиот фудбалски клуб што колективно беше тестиран од Ковид-19 на стартот од тренинзите, во исчекување на конечната одлука дали и како ќе продолжи фудбалската сезона во нашата држава. „Лавовите“ од Ѓорче Петров ја прифатија понудата од Синдикатот на фудбалери на Македонија, кој се понуди да ги покрие трошоците за тестирање на сите фудбалери на домашната сцена.
Токму од Синдикатот на фудбалери вечерва пристигнува и информацијата за резултатите од тестирањата врз членовите на овој прволигаш.
„Денес ги добивме резултатите од првиот фудбалски(воопшто спортски) клуб во Македонија кој што направи тестирање на КОВИД 19 . Фудбалерите, стручниот штаб и сите луѓе кои што работат во Фк Македонија Ѓорче Петров се негативни на тестот. Во текот на тековната и следната недела очекуваме и сите други клубови да не контактираат и побараат тестирање на своите играчи. Со напомена дека комплетните трошоци околу тестирањето ги покрива Синдикатот на Фудбалери на Македонија“
Одважете се и тестирајте се за доброто на сите.
Спортски поздрав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА