Лионел Меси и по третпат ќе стане татко. Светските медиуми објавуваат дека заедно со неговата сопруга Антонела уште еднаш ќе ја почувствуваат родителската љубов.
Лео и Антонела по долгогодишна врска се венчаа во јуни оваа година, а шушкањата околу бременоста на Антонела почнаа откако двојката се врати од медениот месец кој го мина на Антигва и Барбуда.
Меси веќе има два сина со Антонела, четиригодишниот Тиаго и едногодишниот Матео. Дали стигнува и трет наследник на најдобриот светски фудбалер, или за првпат ќе добијат девојче, ќе се знае сигурно набрзо…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА