Мина повеќе од една деценија по страшната скијачка несреќа во која Михаел Шумахер заработи тешки повреди и лекарите по огромна борба едвај го спасија животот на Ф-1 легендата.
Неговата здравствена состојба на инсистирање на семејството се крие во строга тајност, но одвреме навреме во германската јавност се појавуваат информации околу здравствениот статус на екс-шампионот. За жал, последните информации не се нималку охрабрувачки… новинарот Феликс Горнер кој важи за близок до семејството Шумахер обелодени дека Михаел повеќе не може да зборува.
„Тој повеќе не зборува, не може да ги изразува своите мисли со јазикот. Тоа е многу тажна состојба. Беше херој, неуништлив, а сега сите само се молиме за него. За жал, тој не е добро и најверојатно никогаш повеќе нема да го видиме“, истакна Феликс Горнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

