Стив Кер контра Трамп: Со лаги не водиш во нова војна

Стратегот на Голден Стејт, Стив Кер, отворено го нападна претседателот на САД, Доналд Трамп и неговата администрација поради предизвикувањето на конфликт во Иран со убиството на генералот Касем Сулејмани. Иранците најавија жестока одмазда за ваквиот американски акт, а Кер смета дека ова може да придонесе да дојде до нова војна.

„Во животот научив дека не треба да се верува на нашата Влада кога зборува за војна. Џонсон и Никсон лажеа за Виетнам, Буш и Чејни за постоењето на оружја за масивно уништување во Иран, сега го слушам Пенс како лаже за учеството на Сулејмани и на Иран во нападот на 11 септември. Ако се вратиме кон минатото, владата ги лажеше луѓето, изнесуваше лаги наместо факти и го одвее народот во војна. Се плашам од такво нешто и сега, дека Трамп со лаги ќе не одведе во нова војна. За мене нема дилеми – најдобар начин е да не праќаме војници во војни во далечни земји што не можеме да ги добиеме“ – порача Кер.

Ставот на трофејниот тренер е јасен, но тешко дека ќе допре до политичкиот врв во САД во врска со новонастанатиот конфликт со Иран.

Се вчитува...