Стив Кер: Младите кошаркари треба да тренираат фудбал!

Стратегот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер, даде интересно видување за развојот на младите кошаркари. Преголемата себичност е проблем за самите играчи, но и за тренерите, поради што Кер даде предлог – младите кошаркари да тренираат и фудбал.

„Ако бев господар на американската кошарка, ќе наредев секој играч во младинските екипи да игра и фудбал. Спортот е различен, но поврзаноста е огромна – главниот проблем на младите кошаркари е што целата игра им се базира „еден на еден“ со дриблинг и шут преку играч. Талентот е тука, но не го разбираат концептот на додавање и движење. А фудбалот ќе ги научи токму тоа“ – вели Кер.

Како пример за идеални тимски играчи трофејниот стратег ги посочи Тони Кукоч и Стив Неш.

„Видете ги Кукоч и Неш, големи мајстори на нашиот спорт бидејќи најдобро го разбираа концептот на триаголници, на додавање на топката и втрчување зад грбот на противникот. Тоа е фудбалот, да најдеш агол, да создадеш ситуација за сигурна реализација“ – истакна Стив Кер.

Се вчитува...