Стоичков: Ова не е мојата Барса…, шутираме во задникот на најдобриот во историјата!

Една од најголемите легенди во историјата на каталонскиот тим, Бугаринот Христо Стоичков е разочаран од начинот на кој актуелното раководство ја води Барселона.

По најавата за заминување на Лионел Меси од клубот, и одговорот на раководството на тоа, Стоичков, како што вели, е вчудоневиден од односот на претседателот Жозеп Бартомеу кој најдобриот во историјата на клубот.

„Ова не е мојата Барселона. Онаа Барселона која јас ја познавам. Како да се обидуваме да се ослободиме од митот, да избришеме легенда. Шутираме во задникот на најдобриот во историјата кој го облекол дресот на Барселона. Не можам да пронајдам одговор зошто така лесно ги бришеме фудбалерите кои ја создаваа Барселона? И претходно било така со некои други фудбалери, но ова сега е врвот. Со ова се уништува се што може да се уништи во клубот“ – вели Стоичков.

Се вчитува...