Стоилов: Имавме проблем на секој клучен шут

Вардар остана со празни раце во дуелот со Барселона на домашен терен. За „црвено-црните“ ова е втор пораз сеознава со кој станува се потежок патот до првата позиција во групата А и борбата за дирекетн пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Вардарци не ја најдоа вистинската игра и беа во подредена улога во текот на целиот натпревар што и отвори пат на Барселона да дојде до посакуваната победа.

„Барселона денеска заслужено победи, ние им ја олеснивме задачата. Бевме во негатива од почетокот и постојано моравме да се враќаме. Секогаш кога требаше да го направиме клучниот шут имавме проблеми. Беше тешко да се вратиме, а игравме против многу силен противник во тежок натпревар. Сега ни претстои работа за уште еден дуел против Барселона на кој ќе имаме шанса за да ги поправиме грешките направени денеска. Во сабота во Барселона ќе мораме да одиграме далеку подобро“ – изјави по натпреварот капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов.

Вардар ќе има шанса да и се реваншира на Барселона веќе во следниот натпревар од ЛШ, што ќе се одигра во сабиота во „Блауграна“.

Се вчитува...