Стоилов: Нема калкулации, дојдовме да играме!

mec baner

Македонија загуби, но достојно му се спротивстави на големиот фаворит Шпанија во четвртиот дуел од групната фаза на СП. На денешиот меч не се штедеа силите иако утре не очекува уште еден тежок натпревар против Исланд.

„Ова е Светско првенство нема тука штедење сили. Овде сме дојдени да играме, да дадеме се од себе, за нас, за публиката. Мора да играме! Денеска имавме одлично прво полуврме, водевме и три гола разлика пред крајот на првото полуврме, но натпреварот потоа дојде во егал. Мислам дека уморот си го направи своето. Тие имаат повеќе играчи во ротација, поискусни, голманот повторно имаше одличен ден и тука се реши натпреварот“ – истакна Стојанче Стоилов.

Се вчитува...