Стоилов: Слатка победа…како се вративме „поим немам“

mec baner

Македонија ја оствари воведната победа на Светското првенство во Франција, совладувајќи го Тунис со 34-30. Фантастични беа сите ракометари, а блескаше на линијата пикерот Стојанче Стоилов.

„Сите ја чекавме оваа победа. Одигравме со срце, храбро. Знаевме дека ќе биде тешко, но дадовме се од себе, и го остваривме тоа што го планиравме. Но, не треба да летаме сега во облаци. Да останеме смирени и треба уште да победуваме на овој мундијал“, истакна Стојанче Стоилов.

Македонија имаше и негатива (20-24) од четири гола, но се врати фантастично. Стоилов „поим нема“ како…откако доби такво прашање од колегата од МТВ, Југослав Костовски.

„Поим немам. Тие играа многу цврсто, ние го издржавме тој период и потоа се вративме до триумф“, дополни неверојатниот Столе Стоилов.

Се вчитува...