Стоилов: Вардар знае како се победува Барселона

Ракометарите на Вардар в недела ги очекува битка со Барселона, екипа што заедно со нив се наоѓа на делба на првото место во групата од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ како значаен адут ќе ја имаат скопската публика, која сигурно ќе создаде пеколна атмосфера во СЦ „Јане Сандански“, што ќе им даде дополнителен мотив на „вардарци“ да стигнат до нов триумф.

„Барселона е тимот со кој до последно ќе се бориме за првото место во групата и затоа овој натпревар е многу важен. Каталонците знаат што ги очекува во Скопје, никому не му е сеедно кога игра пред нашите верни фанови. Од друга страна, ние знаеме како се победува во Барселона, голем дел од екипата што во минатото славеше над овој голем ривал се уште го носи дресот на Вардар. Сезонава наспроти сите очекувања ни оди добро, бидејќи и новите засилувања кои дојдоа видоа дека има победнички менталитет. Ќе решава борбеноста, дали ќе дадеме се од себе“ – истакна капитенот Стојанче Стоилов.

Натпреварот меѓу Вардар и Барселона на програмата е в недела со почеток во 17 часот.

Се вчитува...