Стојанче Стоилов не го дочека до крај вечерашниот дуел од Суперкупот на Македонија откако капитенот на Вардар доби црвен картон поради еден прекршок врз Обрадовиќ од Еурофарм Пелистер.
Вардар беше во напад во 53. минута при резулат 27-22 за битолчани, топката воопшто не беше кај Стоилов, кој замавна малку со лакотот, Обрадовиќ падна, а по мешаницата што се создаде судиите Начевски и Николов му покажаа црвен каронт на македонскиот репрезентативец.
Страстите набрзина се смирија па Стоилов веднаш по мечот меѓу првите им честиташе на ракометарите на Еурофарм Пелистер за заслужената победа.
It’s hot in Skopje tonight. Even without spectators. Game over for Stoilov.#handball pic.twitter.com/qBLD27uiKa
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) August 11, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА