Стојаковиќ емотивно: Поради Дивац почнавме да веруваме дека можеме во НБА

Владе Дивац ќе биде нов член на „Куќата на славните“ во НБА лигата, а неговиот поранешен соиграч од Сакраменто и репрезентацијата на Југославија, а сега и соработник во НБА тимот, Предраг Стојаковиќ има само убави зборови за легендарниот кошаркар.

„Неговото влијание на кошарката беше многу поголема од границите на НБА. Од почетокот, играше за репрезентацијата на ФИБА натпреварувањата. Најважна работа е таа што ни помогна да веруваме дека постои можност еден ден да заиграме во НБА. Кошарката во тоа време не беше глобална игра. Тој беше дел од групата која помогна да се глобализира НБА“, изјави Стојаковиќ. 

Дивац и Стојаковиќ во 1998 година потпишаа за Сакраменто. Беа на чекор од големото финале, но немаа среќа бидејќи играа во времето на Лејкерс предводени од Шекил О’Нил и Коби Брајант.

Се вчитува...