Брегалница иако претрпе пораз од шампионот Вардар во првото коло, со играта не разочара. Дури во некои моменти беше и подобар од „црвено-црните“, но на крајот остана без бодови.
Сега на ред за штипјани е дуелот со Арсими кој ќе се игра на домашен терен и во вечерен термин, што ќе биде дополнителен мотив да се стигне до трите бода.
„Полека се консолидиравме, направивме поконкурентна екипа, се надеваме на добра игра и на првите бодови во новата сезона.. Вечерен термин, добар амбиент. Екипата е подготвена, се надеваме на добра игра и добар резултат. Тоа е победа, да почнеме да освојуваме бодови. Арсими од минатата сезона е прволигаш, респект максимален кон нив, нема да биде лесно никако, мораме да дадеме максимум. Никако нема да не залаже нивниот висок пораз од Тиквеш. После таков пораз ќе дадат се од себе да се вратат, ќе дојдат тука по бодови, но ние ќе се обидеме да не им го дозволиме тоа“, изјави искусниот член на Брегалница, Дарко Стојанов.
Еден од поискусните играчи на штипјани кажа дека против Вардар играта била добра, и покрај тоа што на крајот резултатот не бил посакуваниот.
„Секој пораз не е добар, така и против Вардар. Но, сметамдека со играта не разочаравме со оглед дека подоцна почнавме, не бевме консолидирани со играчи. Меѓутоа како игра и како борба впечатокот не го расипавме, и денеска ќе треба многу повеќе од тоа да освоиме бодови на домашен терен“, рече Стојанов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
