Стојановиќ: Без вашата желба немаше да верувате во победа…

Македонската ракометна репрезентација до 19 години забележа голем успех на Светското првенство кое се одржа во Хрватска освојувајќи го деветтото место. Избраниците на Радослав Стојановиќ шампионатот го завршија со пет победи и само два порази од фаворизираните Норвешка и Данска.

Селекторот по успехот се огласи и на социјалните мрежи каде ги пофали своите ракометари.

„Без вашата желба немаше да верувате во победа. Без добар тренинг немаше да покажете борбеност. Без сонување за чекор плус немаше да има остварување“, пишува во објавата на Стојановиќ.

Се вчитува...