Стојановиќ го објави списокот на ракометари за контролите со Словенија

Селекторот на машката младинска репрезентација Радослав Стојановиќ го објави списокот на повикани ракометари за претстојните пријателски натпревари.

Во рамки на машката ЕХФ недела, младинската селекција на Македонија ќе одигра пријателски средби против селекцијата на Словенија. Натпреварите ќе се оддиграат во Словенија во градот Зрече.

Натпреварите на младинската машка селекција се предвидени да се оддиграат на 10.05 (петок) во 18 часот и на 11.05 (сабота) во 10.30 часот.

Собирот е закажан за 07.05.2024 година (вторник) со почеток во 09.30 часот во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Се вчитува...