Стојановиќ го објави списокот за „Шпаркасен куп“

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Макеонија родени 2004 и помлади, Раде Стојановиќ го објави списокот на повикани ракометари за собир и учество на „Шпаркасен куп“ во Германија во период од 27.12 до 29.12.2022 година.

На претстојниот „Шпаркасен куп“ репрезентацијата на Македонија е дел од групата Б заедно со Германија, Холандија и Австрија.

Натпреварите на претстојниот куп се играат 2 полувремиња по 25 минути со 5 минути пауза. Првиот натпревар на репрезентацијата е на 27.12 во 16:00 часот против репрезентацијата на Австија, а на 28.12 нашите репрезентативци ќе одиграат два натпревара против Германија во 11:20 часот, и потоа против Холандија во 16:40 часот.

Во зависност од пласманот во групата на 29.12 ќе се одиграат натпреварите за конечен пласман.

Се вчитува...