Стојановиќ ја собра М18 репрезентацијата пред ЕП во Летонија

Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, го објави списокот на играчи на кои ќе смета за подготовките за претстојниот М18 шампионат што ќе се одржи во Летонија.

Ракометарите и членовите на стручниот штаб денеска отпатуваа за Маврово, каде во наредните денови ќе се воигруваат и подготвуват за претстојниот ЕХФ-шампионат. На списокот на Стојановиќ се наоѓаат двајца ракометари кои настапуваат во странство, голманот Брестовац од германски Котбус и Калајџиоски од словачкиот прволигаш Слован.

На ЕХФ Шампионатот во Рига, кадетската машка репрезентација на Македонија се наоѓа во група А со Турција, Латвија и Косово. По одигрувањето на групната фаза, првопласираните две селекции ќе се пласираат во полуфиналето.

Се вчитува...