Стојановиќ: Металург е познат по борбеноста, а вечерва таа ни недостигаше

Тренерот на Металург, Дамир Стојановиќ смета дека Металург ја немаше препознатливата борбеност во мечот, нешто што е главна карактеристика на тимот изминатите години.

„Честитки за Вардар. Ни недостигаше енергија. Металург е познат по својата борбеност и енергија. Вечерва тоа ни недостигаше. Бевме малку спори и влеговме во нивниот ритам на игра. Тоа е тоа што ме плаши друго се може да се поправи. Голем дел од моите ракометари досега Вардар го гледаа само на телевизија, а сега играа против нив“, изјави Стојановиќ. 

Вардар ја одбрани титулата во Суперкупот на Македонија совладувајќи го Металург со 24-26.

Се вчитува...