Стојановиќ со ист рецепт на мегдан со Црна Гора

Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години ќе се соочи со Црна Гора во натпревар од 2. коло на Светското првенство кое се игра во Хрватска.

Откако во првиот меч избраниците на Раде Стојановиќ пружија голем отпор против фаворитот Норвешка, а на крајот и германските арбитри имаа своја улога во поразот од 25-27, селекторот на јуниорите со истите ракометари ќе ја предизвика Црна Гора во меч кој ќе одлучи кој ќе биде вториот патник од овој сегмент во главната фаза на шампионатот.

Се вчитува...