Еуро Никел се избори за „мајсторка“ во полуфиналната серија против Пелистер откако го одбрани домашниот терен во вториот натпревар. Вицешампионот успеа да ги консолидира грешките од натпреварот во Битола, да одигра подобро во рекетот на противникот, но и да ги натера противничките кошаркари на тешки обиди за нови 40. минути во кои ќе биде одлучен противникот на МЗТ Скопје во големото финале.
Притоа кавадарчани на дуелот во „Јасмин“ ја имаа и поддршката од клупата која постигна 41 поен, a eден од оние кои донесе свежина од истата беше Лука Стојановски кој не го криеше задоволстовото од победата, а најави и максимална борба во Битола.
„Најбитно за нас вчера беше да имаме добар „спејсинг“ и да ги задржиме грешките на минимум. Тоа мора да ни биде главната цел и за следниот натпрвар. Имаме искусни играчи кои знаат да донесат паметни одлуки кога сме поставени на првото место во правата секунда. Сепак утре мора да се осети енергијата и желбата уште од првата четвртина да се постави агресивно темпо во одбрната“, изјави за ЕКИПА, Лука Стојановски.
Натпреварот во Битола ќе се одигра со почеток од 18 часот и 30 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА