Стојановски: По пласманот на ЕП сега сите репрезентации со поинакви очи ќе гледаат на нас

Офанзивецот Влатко Стојановски верува дека Македонија ќе продолжи на патот на кој застана во ноември месец со пласманот на ЕП, и согласно посакувањата ќе го почне и квалификацискиот циклус за СП 2022.

„Досега многу пати сме покажале дека можеме да се носиме со секој противник, без разлика од каков ранг за противник се работи. Во селекцијата се уште е позитивната атмосфера која владее уште од победата над Грузија и пласманот на ЕП, и мислам дека сме подготвени за овие три натпревари на стартот на квалификациите за СП“ – вели напаѓачот на францускиот второлигаш Шамбли, на првиот ден од репрезентативниот собир.

Прв противник, веќе во четврток, е репрезентацијата на Романија во Букурешт.

„И покрај тоа што Романија не успеа да се квалификикува на ЕП се работи за одлична репрезентација со многу квалитетни индивидуалци. Токму поради тоа мислам дека ќе биде еден квалитетен меч. Сигурен сум дека сега, по пласманот на ЕП, сите репрезентации не гледаат со едни други очи. Јас сум тука на располагање а дали ќе добијам минутажа, зависи од селекторот“ – истакнува Стојановски.

Се вчитува...