Стојковиќ: Михајловиќ беше еден чесен човек со преголемо срце, секогаш расположен да помогне…

Легендата на југословенскиот фудбал, Синиша Михајловиќ денеска во главниот град на Италија беше испратен од голем број пријатели, фудбалски соработници, но и илјадници фанови во вечниот дом.

Меѓу оние кои говореа за величината на Михајловиќ беше и селекторот на Србија, Драган Стојковиќ кој вели дека тој е човек кој ги имаше сите карактеристики кои една личност треба да ги поседува.

„Синиша Михајловиќ беше чесен човек кој го красеше борбест, поразите не ги признаваше, тој имаше преголемо срце. Синиша беше човек од збор. Тој ги имаше сите карактеристики кои еден човек треба да ги има. Тој беше човек кој им помагаше на другите. Не знам некој да барал помош, а да не ја добил. Ми беше чест да стојам рамо до рамо со него, ми беше чест што го знаев. Тие сеќавања ќе ми останат до крајот на животот. Тоа беше Синиша Михјаловиќ и јас по тоа ќе го паметам“, вели Стојковиќ.

Се вчитува...