Стојковски, Ганчев, Петровски и Велјановски во стручниот штаб на Пелистер

Пелистер го комплетираше стручниот штаб, на чело со шефот Борче Христов, кој го назначи пред неколку дена.

Во стручниот штаб на Христов ќе биде Трајче Стојковски како прв асистент. Стојковски работеше со Христов и во Тиквеш. Втор асистент ќе му биде Горан Ганчев, екс фудбалер на неколку екипи во Македонија, меѓу кои и на Пелистер.

За тренер на голмани е назначен Илче Петровски, поранешен чувар на мрежата на битолскиот клуб. Саше Велјановски ќе биде кондициски тренер на екипата.

Се вчитува...